Уште една успешна компанија се одлучи проширувањето на своите производствени капацитети да го лоцира во Индустриската зона - Прилеп 1 и со тоа да го потврди својот растечки потенцијал. Текстилната компанија "Тритекс" која е позната по долната облека што е изработена исклучиво од памук одлучи да гради нов производствен погон кој ќе се простира на површина од 4000м2 и во кој ќе бидат сместени новите производствени линии, а инвестицијата во вредност од еден милион евра ќе овозможи вработување на уште 300 нови лица. "Тритекс" како компанија е успешна фамилијарна деловна приказна која трае 20 години. Текстилните производи на Тритекс" се синоним за квалитетен македонски бренд што е присутен на пазарите во регионот и во Европа. Воедно ваквото проширување на производниот процес е потврда за поволната бизнис клима што веќе извесен период постои во Прилеп.
Уште една успешна компанија се одлучи проширувањето на своите производствени капацитети да го лоцира во Индустриската зона - Прилеп 1 и со тоа да го потврди својот растечки потенцијал.
Текстилната компанија "Тритекс" која е позната по долната облека што е изработена исклучиво од памук одлучи да гради нов производствен погон кој ќе се простира на површина од 4000м2 и во кој ќе бидат сместени новите производствени линии, а инвестицијата во вредност од еден милион евра ќе овозможи вработување на уште 300 нови лица. "Тритекс" како компанија е успешна фамилијарна деловна приказна која трае 20 години. Текстилните производи на Тритекс" се синоним за квалитетен македонски бренд што е присутен на пазарите во регионот и во Европа.
Воедно ваквото проширување на производниот процес е потврда за поволната бизнис клима што веќе извесен период постои во Прилеп.